Со дури 61% зеленило Шефилд е најзелен град во светот

Убедлив лидер на светско ниво кога станува збор за зеленило во градските средини е англискиот град Шефилд, петти по големина во Англија.

Шефилд е индустриски град познат по производството на челик, најголем град во Јужен Јоркшир и најзелен во Велика Британија. Според проценките, Шефилд има 4,5 милиони дрвја, додека градот има население од 579,082 жители, што значи 7 дрвја по глава на жител.

Овој индустриски град дури пред неколку години го доби признанието на зелен град, по што предизвика голем интерес кај еколошките здруженија.

Сѐ започна пред десетина години кога жителите се побунија поради сечата на многу дрвја во градот, па се роди иницијативата Sheffield Street Trees Partnership со цел разеленување на градот.

Некогаш познат под прекарот Челичен град поради големите индистриски капацитети, денес Шефилд е лидер во урбано зеленило, не само во Англија, не само на островот Велика Британија, не само во целото Обединето Кралство, туку во Европа и светот. Дури 61% од градот е покриен со зеленило кое вклучува 250 паркови, градини и шуми. Тука предничи националниот парк „Пик Дистрикт“.

За бројното зеленило улога има и одличната географска положба на градот. Лежи на источната стана од долината на реката Дон и низ него течат нејзините четири притоки: Локсли, Портер Брук, Ривелин и Шеф. Токму од последната река доаѓа и името на градот.

Шефилд е и дом на најстариот активен фудбалски клуб во светот - Шефилд ФЦ - формиран во далечната 1857 година.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе