Со изложба на маски во Прилеп почнаа карневалските свечености

Со изложба на околу 300 маски, изработени од вештите раце на учениците од прилепските училишта, а претставени во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ почнаа карневалските свечености во Прилеп. Главното карневалско дефиле на маските е в недела на Прочка кога се очекуваат околу 500 учесници од Прилеп и другите градови.

Како што објаснува Снежана Ристеска, советник за култура во прилепската локална самоуправа, на големо задоволство, карневалот Прочка се враќа по двегодишна пауза.

– Изложбата на околу 300 маски кои ги изработија учениците од прилепските основни и средни училишта е традиционалната најава на карневалските свечености. Избрани се најдобрите и се доделени награди на најумешните млади кои ги направија маските од природни материјали, што е традиција на карневалот. В недела напладне е карневалското дефиле на маскираните во центарот на Прилеп. Очекуваме учесници и од другите градови. поради ковид-мерките, не е можно да присуствуваат гости од странство. Но, на прилепчани многу им е битно што се врати карневалот, вели Ристеска.

Димитар Талески, ученик од ОУ „Кирил и Методиј“ од прилепското село Подмол ја освои наградата за најдобра маска. Тој вели дека речиси еден месец работел на маската.

– Среќен сум што освоив награда. Речиси еден месец ја работев маската, од природни материјали. Користев тажна врба, ја обликував, сплетов и кошница, стилизирано, богато украсена, појаснува ученикот Димитар Талески.

Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“ коорганизатори на карневалот, вели дека мечкарите, заштитната маска на Карневалот, се подготвени, сошија и нови маски.

– Мечкарите се подготвени за карневалот. Тие напорно работеа за да ги обликуваат и да ги обноват маските, имаат и нови кожи, прилепски фирми ни даруваа и ѕвонци-клопотарци, неизбежни за маската. Прилеп е карневалски град, ќе има и голем број прилепчани „преправени“ и се негува вековната традиција. Се радуваме што продолжува карневалот, иако без странски гости, поради пандемијата, но имаме гости од повеќе градови од земјава, вели Георгиев.

В недела напладне во центарот на Прилеп е карневалското дефиле на маските, ќе има забавувачи, жонглери, како и настап на групата „Фолтин“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе