Со кучиња-трагачи се бара 22-годишниот кумановец чиј „голф“ падна во Вардар 

На третиот ден од потрагата по возачот и евентуални сопатници од автомобилот „голф“ што излета во реката Вардар кај тетовско Желино денеска се вклучени и кучиња трагачи. Освен тоа ќе се прави обид со допирање на протокот на вода во реката Вардар да се намали водостојот и олесни потрагата.

Претставниците на надлежните институции проценуваат дека треба да се бара во реката Вардар, но и надвор од тетовското подрајче, во правец кон Скопје и Велес согласно текот на речната вода.

-Ние побаравме да се намали водата од Водостопанство. Но, тоа не е наша надлежност. Тие во меѓувреме рекоа дека ќе го намалат водостојот. Имаме четири екипи во терен. Првата екипа ни е на левата, втората на десната страна на Вардар, третата кај мостот Сиричино и четврата ќе ја ангажираме денеска после 13 часот во Зелениково бидејќи претпоставувме дека таму може да го влече водата до таму поради брзината. Имаме 16 нуркачи и 16 вработени од Дирекција за заштита и спасување на терен, изјави Ариф Арифи раководител на тетовската секција на Дирекција за заштита и спасување.

Ангажирани се луѓе кои вработени во специјалната антитерористичка единица „Тигри“, другите секции на ДЗС, пожарникари, Општуна Желино. Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес кои во текот на денот треба да извраш пребарување во малото езеро во Зелениково.

-Тука сме од седум изутрината, го провериме целиот терен каде што ја најдовме колата па одиме надолу. Вардар носи многу вода и е тешко за побарување. Почнуваме пак да се враќаме назад, затоа што има многу вода и треба да се провери цел терен пополека. Водата е многу јака и можеби телото е заглавено некаде во длабочината и треба многу време додека го најдеме, изјави Авни Амети, командант на тетовската пожарна.

Во вторникот тетовската полиција доби пријава дека излетал „голф“ во реката Вардар од кај мостот кај Желино.  Засега се трага по 22-годишниот кумановец Е.Р., чие семејство го поседува автомобилот.  Сè уште се утврдува и дали имало и други сопатници во возилото.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе