СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.А. (50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривично дело „убиство во обид“.
Во периодот од март до април 2017 година пријавениот секојдневно психички и физички ја малтретирал својата 79-годишна мајка, со која заедно живееле.
На 11 април П.А. со употреба на физичка сила и вжештена маша ѝ нанел повеќе удари по главата и телото, од кои оштетената паднала во бессознание и во критична состојба била пренесена во болница.
Од страна на судија на претходна постапка на П.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.