„Соларни“ ќелии кои се полнат ноќе: Како функционираат?

Конвенционалната соларна технологија ги апсорбира зраците на сончевата светлина и ги претвора во енергија. Колку и да изгледа чудно, постојат материјали кои можат да го променат процесот - произведуваат енергија додека зрачат топлина назад кон студеното ноќно небо.

Тим инженери од Австралија користеле технологија која вообичаено се користи во очилата за ноќно гледање за да произведува енергија на специфичен начин, пишува Science Alert.

Нивниот прототип моментално генерира мала количина на енергија и веројатно нема да се натпреварува со другите обновливи извори на енергија, но може да се покаже корисен во комбинација со постоечката фотоволтаична технологија и да ја искористи малата количина на енергија генерирана со ладење на соларните ќелии по долг, топол ден.

Засега произведува многу малку енергија

„Фотоволтаичната технологија е вештачки процес на претворање на сончевата топлина во енергија. Процесот на терморадијација е сличен; ние ја пренасочивме енергијата во инфрацрвеното зрачење од топлата Земја во студениот простор“, рече физичарката Фиби Пирс од Универзитетот во Нов Јужен Велс.

Со поставување на атом во материјал што „вибрира“ од топлина, ги принудувате неговите електрони да генерираат нискоенергетски бранови на електромагнетно зрачење во форма на инфрацрвена светлина; кој има потенцијал да предизвика мал наплив на електрична енергија.

Загреан на околу 20 степени Целзиусови, еден од тестираните фотоволтаични детектори MCT генерира моќност од 2,26 миливати на метар квадратен. Додуша, тоа не е доволно ниту за да се загрее вода за кафе. За такво нешто би било потребно да се постават MCT панели на неколку градски блокови.

Сепак, треба да се напомене дека ова е прототип и дека оваа технологија би можело да се развие и да стане многу поефикасна во иднина.

Комбинација со соларни панели

„Во моментов, нашата терморадијациона диода произведува релативно мала моќност. Но, главниот предизвик беше да се открие дека такво нешто е изводливо. Теоретски, оваа технологија на крајот може да произведе околу една десеттина од енергијата што ја даваат соларните панели“, рече физичарот Нед Екинс- Даукес.

Во случај оваа технологија да стане поефикасна, би било вредно да се постават MCT диоди во класичните фотоволтаични мрежи за да продолжат да ги полнат батериите долго по зајдисонце.

Студијата Thermoradiative Power Conversion from HgCdTe Photodiodes and Their Current–Voltage Characteristics беше објавена во списанието ACS Photonics.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе