Солскјер: Го понудив Холанд на Јунајтед за 4 милиони фунти

Поранешниот норвешки фудбалер Оле Гунар Солскјер е легендата на Манчестер Јунајтед која најмногу ја паметат навивачите на „црвените ѓаволи“ по неговиот гол против Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година, кога Јунајтед ја освои тројната круна под водство на сер Алекс Фергусон.

По играчката кариера, Солскјер започна помалку успешна тренерска кариера во која раководеше со норвешки Молде, Кардиф и Манчестер Јунајтед, но може да се пофали дека беше еден од првите што го препозна извонредниот потенцијал на неговиот сонародник Ерлинг Холанд.

„Им се јавив на Јунајтед околу шест месеци пред да седнам на нивната клупа, им кажав за напаѓачот што го имаме во Молде, но тие не послушаа. Побарав четири милиони фунти, но тие не сакаа да го ангажираат“, изјави Солскјер за англискиот таблоид The ​​Sun.

Како што е познато, Јунајтед не го донесе Холанд и норвешкиот стрелец замина во РБ Салцбург, а подоцна во Борусија Дортмунд и на крајот во сината страна на Манчестер, односно во Сити, за кој сезонава постигна 51 гол на 47 настапи.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе