Времето денеска ќе биде сончево, а во планинските подрачја со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 2 до 11, а максималната од 20 до 26 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 7, а дневната до 23 степени.
Следува период на претежно сончево време со свежи утра. Дневната температура ќе биде во пораст, особено од средината на неделата.