СОНК задоволен од масовноста на штрајкот, чекаат нова средба со Владата

Скопје, 11 април 2022 (МИА) – Според наша оценка и сознанија, се штрајкува во сите основни и средни училишта и во градинките, и тие што не се членови на СОНК масовно се вклучуваат во штрајкот, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на прес-конференција соопштувајќи за генералниот штрајк кој почна денеска заради исполнување на барањето веднаш да се зголемат платите во дејностите образование и детска заштита.

Рече дека околу 25 илјади вработени во училиштата и градинките денеска се вклучиле во штрајкот, а минорен е, како што рече,  бројот и не е повеќе од илјада на тие што не учествуваат. Мал бил бројот на ученици во основните и средните училишта и релативно мал број на деца во градинките.

– Пресреќни сме што немало никаков инцидент, ниту некое дете  било оставено пред врата. Најважно е што е пратена пораката до надлежните која е многу јасна – огромно е незадоволството во градинките, основните и средните училишта кои имаат проблем со нивниот социјален статус, истакна Неделков.

Според претседателот на СОНК, во градинките имало, како што рече, посериозни притисоци во однос на настојување на директори воспитувачите да го прекинат штрајкот и да влезат во детските групи.

Соопшти дека голем е бројот на тие што не штрајкуваат во градинките „Орце Николов“ во Карпош и „Кочо Рацин“ во Центар, во градинките во Валандово, во Гевгелија половина не се во штрајк, како и во некои други општини каде што имало помал број штрајкувачи кои, рече Неделков,  морале да бидат на работните места иако се во штрајк. За една градинка во Битола рече дека има основа да поднесат кривична пријава, зашто се барало списоци, што е спротивно на правилата на штрајкување и на законите. Нагласи дека процесот на штрајк никој не сме да го прекине и дека за спречување на штрајкот  се предвидени кривични пријави.

Освен ова, проблем имало и со работното време на штрајкување зашто се толкува Законот за работни односи, но овие се посебни дејности, рече Неделков, и вработените не се обврзани да бидат на работа по осум часа.

-Во најмала рака,  треба да договорат со директорите и градоначалниците да се штрајкува онолку колку што биле и смените во училиштата. Инсистирањето да се штрајкува осум часа е непродуктивно и се прават дополнителни трошоци во установата. Дополнително, за колегите кои се во рамазански пости е и  нехумано од втората смена да се враќаат дури во 7 или во 8 часот кога е почната вечерата. Сѐ ова оди во правец на реваншизам, вршење притисок и уцени врз оние кои штрајкуваат да прекинат со штрајкот. Но, колегите со тоа сигурно нема да се поколебаат. Напротив, мотивот да истраат и да бидат во штрајк е уште поголем и од таа причина мора да се најде заедничко решение и заеднички јазик со штрајкувачкиот одбор, рече Неделков.

Тој денеска имал краток разговор со министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој му најавил дека  можеби ќе се сретнат утре. Рече дека чекаат да бидат повикани на средба, но дека тоа мора да биде конструктивен и конкретен дијалог, а не, како што рече, пропаднат и бесцелен разговор.

– Расположени сме тежината на нашите аргументи уште еднаш да ги претставиме пред надлежните и да ги убедиме дека ова што го бараме е издржано, да најдеме заедничко решение, да можеме да им излеземе на сите оние што се засегнати од нашиот штрајк и неможноста да одат на работа поради неможноста за згрижување на нивните деца, рече Неделков кој се извини за таквата ситуација, но и се заблагодари за масовната поддршка што СОНК ја добил во сите делови од државата.

Штрајкот ќе продолжи и утре зашто дури и вечерва да има средба со претставници од Владата и да има согласност, рече претседателот на СОНК, ќе треба предлозите да одат во процедура кај членството и да добијат овластување за евентуално прекин на штрајкот или одбивање на предлогот. -Процедурата мора да се запази и тоа бара време, додаде Неделков.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе