Сосед преку прозор спаси девојка од стан кој гореше
Неверојатна спасувачка снимка ни доаѓа од Сибир каде сосед преку прозор од долниот кат извлече девојка чиј стан го проголта пожар.
На петтиот кат од зграда во рускиот град Нижневартовск, девојката спиела кога ја разбудила нејзината мачка поради оганот кој брзо се ширел.
Истрчала на прозор барајќи помош, а истата дошла од станот над неа каде маж успеал да ја спаси.