Состојбата со COVID-19 критична, хоспитализирани се 973 пациенти

Скопје, 9 ноември 2020 (МИА) – Состојбата со COVID-19 е критична, а болниците веќе ги полнат сите капацитети, порача вчера министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Според вчерашниот медицински билтен, во болниците во земјава вкупно се хоспитализирани 973 заболени или сомнителни пациенти со COVID-19. Поради сѐ поголемиот број заразени на кои им е потребна хоспитализација, од саботата пациенти со COVID-19 почнаа да примаат и интерните клиники на Клиничкиот центар во Скопје, каде има 150 болнички кревети.

Како што информира вчера Министерството за здравство во деноноќието меѓу саботата и неделата биле направени 2.667 тестирања на COVID-19, при што се регистрирани 978 нови случаи. Во исто време, Институтот за јавно здравје вчера регистрира 24 оздравени пациенти од, додека починаа 26 лица инфицирани со COVID-19.

Со овие последни бројки вкупната цифра на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата достигна 39.760, од кои оздравеле 23.035, 1.136 починаа, а бројот на активни случаи изнесува 15.589.

Министерот за здравство во порака до граѓаните предупреди дека пред нас веројатно е најтешкиот период на справувањето со пандемијата со COVID-19.

– Барам сите да бидеме максимално одговорни и свесни за сериозноста на состојбата. Вирусот е широко проширен. Секое најмало невнимание или непочитување на мерките за заштита може да значи инфекција. Сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци. Тоа што го бараме како здравствени работници е навистина малку – само да го штитите сопственото здравје, порача министерот Филипче.

Според Филипче, колку доследно ќе ги почитуваме мерките за заштита ќе биде одлучувачки за тоа колку дополнително ќе се жртвуваме до крајот на пандемијата, при што секој за себе треба да реши дали неговата жртва ќе е носењето маска, негрупирање, држење дистанца или пак жртвата ќе значи продолжување на здравствената и економска несигурност.

– Изборот е тој, а моќта за промена на работите е кај секој од нас. Почитувајте ги мерките доследно. Носењето маска и држењето дистанца се многу мала жртва во споредба со се друго, посочи Филипче во видео обраќањето до граѓаните.

Тој повика претстојните слави и празници оваа година да ги прославиме само со најблиските и да нема групирања по домовите, за да сеспречи натамошно ширење на заразата со COVID-19.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на оставка на министерот Филипче, обвинувајќи го дека е одговорен „за сите задоцнети реакции и изгубени животи“.

– Филипче мора да си даде оставка, зошто Македонија нема повеќе животи за губење, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, додавјаќи дека секој ден е нов пик на новозаразени, и секој ден губиме по десетина наши сограѓани.

Според партијата, само во претходните два дена се направени вкупно 6.486 тестови, од кои дури 3.086 во приватни клиники, за што граѓаните платиле близу 9.258.000 денари, односно близу 150.000 евра или, како што пресметале, вкупно досега за тестирање се потрошени над осум милиони евра.

На ова возврати СДСМ, потенцирајќи дека сите пациенти кои преку матичен лекар се упатени за тестирање за COVID-19 во јавното здравство се ослободени од плаќање партиципација за дијагностика и лекување.

– Тестови за коронавирусот има доволно и дополнително се зголемуваат капацитетите. Со ребалансот на буџетот се обезбедени 243 милиони денари, кои ќе се распределат за набавка на тестови и вакцини за COVID-19, и за лекот Ремдесивир, како и за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот, се наведува во соопштението на СДСМ.

Според вчерашните податоци на сајтот „Ворлдметер“ во светот досега од COVID-19биле инфицирани 50.377.799 лица, од кои починале 1.258.066, а оздравеле 35.620.816.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе