Спасени 7 од 22 кинески рудари кои се затрупани две недели

Спасувачки екипи извлекоа седум кинески рудари на безбедно, откако две недели беа затрупани во рудникот по експлозијата која ги спречи да излезат, објави државната телевизија CCTV.

Се претпоставува дека уште најмалку четворица, од вкупно 22 рудари, сѐ уште се живи во затрупаниот рудник за злато.

На телевизиската видео снимка се гледа како утрово спасувачките екипи го извлекле првиот рудар, кој бил во „исклучително слаба физичка состојба“ и веднаш е пренесен в болница.

Спасувачките екипи се борат со тешки услови за да им помогнат на работниците блокирани под земјата по експлозијата во рудникот, која се случи на 10 јануари во провинцијата Шандон.

Првпат пред една недела беше воспоставен контакт со 11 рудари, кои се затрупани околу 580 метри под земјата. Еден од нив бил тешко повреден во експлозијата и подоцна починал.

Спасувачите им доставуваат храна, лекови и други потребни материјали преку неколку дупки кои се направени во карпите. Спуштени се и детектори во други делови на рудникот, во надеж дека ќе бидат пронајдени останатите затрупани рудари.

Спасувачките екипи соопштија во петокот дека можеби ќе бидат потребни најмалку уште две недели за да бидат извлечени рударите на безбедно.

Тагови
реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе