Спасовски: Да се донесат законите во Собранието, па да се оди на избори

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски вели дека прво треба да се донесат во Собранието сите закони, коишто, како што изјави денеска, се многу битни за граѓаните, па дури потоа да се распушти Собранието и да се оди на избори. Не сакаше да зборува за формирање евентуално ново парламентарно мнозиство, бидејќи, како што рече, ќе се испочитува договореното, ќе бидат усвоени законските решенија по што ќе се оди на избори.

-Ние мора прво да ги донесеме законите кои се исклучително важни за оваа држава и потоа треба да одиме на избори. Тоа е ставот кој го имаме и како Влада и како партија, од првиот момент до денеска. Така што, сите законски решенија, пред се законот за ЈО кои треба да дадат дополнителни позитивни аргументи во носење на одлуката на Европскиот совет да почнат преговорите со ЕУ треба да биде приоритет на сите политички партии и на секој пратеник во Собранието, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на студенстскиот дом „Гоце Делчев“.

Тој сѐ уште верува дека тоа и ќе се случи, и оти нема да има повеќе „неразбирливи“ одложувања на седниците на кои тоа треба да биде направено.

-Ние имаме коректни односи со ДУИ и очекувам дека така како што ја започнавме коалицијата така и ќе ја завршиме во однос на овие законски решенија. Затоа очекувам тие да бидат донесени и оти нема да имаме дополнително неразбирливи одложувања за да може да дојдеме до она за што се имаме договорено – да се финализираат овие законски решенија и да одиме на избори, рече премиерот.

Ако дојде до тоа да бидат опстуирани решенијата, додае Спасовски, дури тогаш може да се зборувва за евентуално формирање ново парламентарно мнозинство, можност која вчера ја наговести генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во фејбук статус на својот профил.

Спасовски не очекува ниедна од политичките партии кои се дел од Владата дека ќе прават промени на законите внатре во Собранието, заради тоа што, како што рече, е усогласен текст кој е поминат на седница на Владата.

Во врска со тоа како ќе пратениците на СДСМ ќе гласаат во однос на распуштањето на парламентот на седницата закажана за в недела, Спасовски истакна дека треба да се почека да се види како ќе се одвиваат работите во собранието.

Премиерот наведе дека Собранието треба да работи по предлог што го достави тој за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, што е точка на дневниот ред на собраниската седница закажана за 15 часот и како што вели, таа да се зарши. Повтори дека очекува нов предлог од ВМРО-ДПМНЕ, да се избере нов министер и да се продолжи понатаму во изборниот процес.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе