Спасовски најави зголемување на платите во МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на социјалните медиуми го најави зголемувањето на платите на вработените во МВР во бруто износ од 3.086 денари.

- Во стилот на старата мудрост „тивка вода брег рони“, во соработка со Македонскиот полициски синдикат, успеавме во заложбата за вработените во МВР да обезбедиме зголемување на платите со цел усогласување со растот на минималната плата, а наспроти сите шпекулации во дневнополитички цели со кои се обидоа да ја деградираат и демотивираат македонската полиција, но и да ја потценат доследноста во исполнувањето на ветеното од страна на нејзиното раководство. Со денешната одлука на 140 седница на Владата, зелено светло доби предлогот на МВР за линеарно зголемување на постојните плати во висина од 3.086 денари по работник во бруто износ, почнувајќи со платата за месец март 2023, која ќе се исплати во април, објави Спасовски.

Тој потсети дека ова е четврто по ред зголемување на платите на вработените на МВР, имајќи го предвид  минатогодишното зголемување од 5 проценти за сите вработени, а претходно преку Буџетот на МВР во 2018 и 2019 беа издејствувано зголемувања на платите за сите вработени. Покрај ова, со зголемување на платите од 30 отсто беа опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година, со цел мотивација на овие дефицитарни кадри да придонесат во функционирањето на МВР на позициите за кои се ангажирани.

- Истовремено, благодарение на домаќинското работење и остварените заштеди во Буџетот, досега доброволно исплативме бонус плати за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2017, 2018, 2019, 2020, 2021 година, а во тек е прибирањето на податоци за вработени коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година, која ќе изнесува 31.859 денари во поединечен износ, што претставува зголемување од речиси 40 проценти на износот на бонус платата во 2017 година која изнесуваше 22.928 денари.

Подобрувањето на статусот на вработените во МВР е императив за ова раководство на МВР. Продолжуваме да го развиваме концептот „Задоволна полиција – безбедни граѓани“, кој придонесе за одлични резултати во гарантирање на безбедноста и борбата против сите видови криминал", напиша министерот Спасовски на социјалните мрежи.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе