Спасовски: Нема опасност од немири при промена на Уставот

Рано е уште сега да оцениме како би се одвивала политичката ситуација во моментот кога ќе се одвива дебатата за уставните измени, но нема простор за никакви тензии заради тоа што само преку политичката дебата можеме да ги соочиме ставовите, изјави вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Северна Македонија нема алтернатива освен патот кон ЕУ и затоа треба сите политички субјекти, сите граѓани да направиме се за да успееме на патот на ЕУ и европските вредности да станат дел од начинот на нашето живеење, рече Спасовски во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија запрашан дали се можни немири при дебатата за уставните измени кои се услов за одржување на Втората меѓувладина конференција со ЕУ, со оглед на немирите кои се случија пред Собранието при гласањето на францускиот предлог.

Според него, владејачкото мнозинство никогаш досега немало двотретинско мнозинство за повеќе уставни измени, но очекува во отворена дебата да преовлада мислењето кое претставува интерес на државата.

-Никогаш досега владејачкото мнозинство немало двотретинско мнозинство за повеќе уставни измени. Затоа е Парламентот, затоа е домот на демократијата тука за да се отворат тие дебати, да се изнесат аргументи и на основа на аргументите да се носат и одлуките и треба да кажеме зошто сметаме дека е добро да влезат и Бугарите и Црногорците и Хрватите и Евреите во Уставот. Да ги чуеме и аргументите зошто тие не би требале да се внесат во Уставот. Тоа е легитимна дебата. На крајот да преовлада мислењето кое претставува интерес на државата, вели министерот Спасовски.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе