Спасовски за 2022 најави огласи за прием на криминалисти во МВР

Скопје, 15 декември 2021 (МИА) – Нови вработувања на криминалисти во Министерството за внатрешни работи за наредната година, денеска најави министерот за внатрешни работи Оливар Спасовски на свечената промоција на дипломираните студенти на првиот циклус студии на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Поради заминувањето на поголем дел вработени од МВР во пензија, во 2022 година, според Сапсовски, ќе има потреба од вработување на поголема бројка криминалисти.

-Се отвораат работни места. Затоа и најавив дека 2022 година ќе има огласи за прием на криминалисти во поголема бројка и јас навистина очекувам дека и од оваа генерација на студенти ќе можат да се пријават да бидат дел од македонската полиција, да бидат дел од безбедносниот систем, кој практично се грижи за напредокот за чување на човековите права на демократските вредности на државата, најави министерот Спасовски.

Според него, знаењето кое што тие го стекнуваат дипломираните студенти низ процесот на едукација на факултетот е пресудно за нивните ангажмани.

-Секако дека пренесувањето на знаењето во практичниот дел од повозрасните колеги ќе биде само нивно надоградување во тоа што значи одлични професионалци кои што ќе работат во Министерството за внатрешни работи и најважно – професионалци со интегритет. Тоа се тие би рекол важни одлики кои што треба да ги има секој еден припадник на македонската полиција, порача Спасовски.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе