Aston Martin има возбудливи вести за своите обожаватели: моделот доби специјално издание со седмостепен рачен менувач на брзини и карбон-керамички сопирачки.
Ограниченото издание што беше претходно најавено ќе биде достапно во 2020 година.
Исто како кај моделот V12 Vantage S, моделот добива седмостепен рачен менувач кај кој првата брзина е позиционирана долу лево за да се задржи H шемата на која се навикнати возачите.
Aston Martin ќе произведе само 200 примероци на моделот AMR што ќе биде полесен од стандардниот за 95 килограми и ќе тежи вкупно 1.530 килограми.
Познатиот 4,0-литарски твин турбо мотор е малку изменет во однос на стандардната верзија и ќе развива 503 коњски сили, но ќе има помал вртежен момент поради рачниот менувач.
Перформансите остануваат исти – од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за 4 секунди, а максималната брзина е 314 км/ч.
Од вкупно 200 AMR модели, 59 ќе се продаваат со спецификации како на фотографиите, во темнозелена боја со детали во нијанса на лимета, како омаж на победата на трката Ле Ман од 1959 година.
Останатите 141 автомобил ќе бидат достапни во конвенционална сина, сива, црна и бела боја. Верзијата Vantage 59 чини 164.995 фунти, а „обичната“ 149.995 фунти.