Србија доби поддршка од руската војска за предизвиците на Косово

Белград, 5 август 2019 (МИА) – Началникот на Генералштабот на војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ изјави дека во разговор со началникот на Генералштабот на Русија добил „поддршка за тоа како да се работи во однос на Косово“.

- Ние сè уште сметаме дека тоа е српска територија, а едностраните потези на Приштина ја влошуваат безбедносната состојба. Секако, особено нè интересира безбедноста на Србите, не само во Северно Косово, туку и низ целата покраина, изјави Мојсиловиќ за Вечерње новости, по неговата прва официјална посета на колегите во Москва.

Тој кажа дека за време на разговорите со рускиот началник на Генералштабот, генерал Валериј Герасимов, добил потврда дека Русија, како стратешки партнер на Србија, ќе продолжи да обезбедува „многустрана поддршка“.

За сомнежите на НАТО кога станува збор српските воени маневри со Русија, началникот на српскиот Генералштаб кажа дека „ние сме отворени и подготвени за соработка и да вежбаме со сите“.

- Суштината на овие активности и соработката е подигнување на квалитетот на нашите единици, кажа генералот Мојсиловиќ.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе