Регион

Србија: Лажна тревога за заболен од кинескиот корона вирус

26. јануари 2020 - 16:18 | МИА

Белград, 26 јанари 2020 (МИА) – Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, во изјава за РТС нагласи дека пациент од Кина за кој во Белград се посомневале дека има корона вирус, по тестирање е откриено дека станува збор за респираторна инфекција.

Тој потенцираше дека Србија има реагенси не само за еден вид корона вирус, туку за четири типа, и дека во рок од два часа тие можат да утврдат дали пациентот е заболен.

„Тој дошол на 13 јануари во Белград, првите проблеми му се појавија на 17 јануари, а нашиот здравствен систем одговори на најпрофесионален начин. Тој самиот пријави дека има проблеми. Земена е анамнеза дека бил во погодената област во Кина и веднаш се реагираше како да има вирус – изолиран е, сместен на Клиниката за инфективни болести и направени се сите потребни анализи, рече Лончар.

Тој истакна дека по тестирањето тие биле сигурни дека тој нема коронавирус, туку дека станува збор за инфекција на респираторниот систем. Српските здравствени власти отворија телефонски број на кој лица кои дошле од загрозено подрачје може да пријават здравствени проблеми и симптоми што може да укажуваат на корона вирус. 

Коментирај