Србија за ЕУРО 2024 ќе се подготвува во Москва против Русија

Србите веројатно ќе бидат единствениот учесник на првенството што ќе игра против суспендираната Русија.

Веќе извесен период се зборуваше за можноста Србија и Русија да одиграат пријателски фудбалски натпревар, а денеска стигна и конечната потврда на таа идеја, бидејќи двете страни се пофалија дека „Орлите“ и „Зборнајата“ ќе се сретнат во март следната година.

Ова ќе биде прв дуел на руската селекција со европска репрезентација откако ФИФА ги прекина сите нејзини официјални активности, а поради војната во Украина.

„Фудбалскиот сојуз на Србија се согласи да одигра два пријателски натпревари на А селекцијата во март 2024. Прв противник ќе биде Русија во Москва на 21 март на стадионот 'ВТБ Арена' на Динамо, додека вториот ривал ќе биде Кипар на 25 март во Лимасол“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Србија.

URL

Претходно истата вест до домашната јавност ја соопшти и претседателот на ФС на Русија, Александр Дјуков.

„Натпреварот против Србите е планиран за март и ќе се игра во март, потпишавме договор. Добивме дозвола од УЕФА, но сѐ уште сѐ може да се случи“, изјави Дјуков.

URL

По избувнувањето на војната во украина, Русите беа домаќини на само три тима, сите од другите континенти - Ирак, Камерун и Куба, бидејќи само тие земји се осмелија да им пркосат на западните санкции.

За Србија овој двомеч ќе биде еден од тестовите пред Европското првенство во Германија каде ривали на селекторот Драган Стојковиќ и неговите избраници ќе бидат Англија, Данска и Словенија.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе