Среќна Нова од Јапонија
Големиот пријател на Македонија и вљубеник во македонската песна, Казухиро Котецу, на оригинален начин им ја честита Новата година на неговите македонски пријатели и следбеници на социјалните мрежи.
Котецу е доста популарен меѓу Twitter заедницата во Македонија, редовно објавувајќи видеа од него како пее македонски песни.