Италијанскиот фудбалски прволигаш Сампдорија го назначи поранешниот играч на Интер и Лацио, Дејан Станковиќ, за нов тренер до јуни 2023 година, со опција за продолжување на соработката за уште 12 месеци.
Станковиќ (44) до неодамна беше на тренерското место на Црвена звезда кое го напушти во август по неуспехот да му обезбеди место на белградскиот клуб во Лигата на шампиони.
Популарниот Деки имаше забележителна фудбалска кариера во Серија А, освојувајќи 6 шампионски титули, како и трофеј во Лигата на шампиони во 2010 година.
Сампдорија во неделата му врачи отказ на Марко Џампаоло по поразот од Монца со 0:3, што го остави клубот од Џенова на последното место на табелата со само 2 бода од 8 натпревари.
Станковиќ ќе дебитира на клупата на Сампдорија в сабота на гостински терен против Болоња.