Производителите на автомобили често ги рекламираат своите нови модели како технолошко-забавни центри, иако е нејасно како треба да работи тој забавен дел кога возите, а технологијата често се крие зад неколку менија, низ кои треба да поминете додека возите.

Активните системи за безбедност во современите автомобили не се баш на нивото што ќе ве спаси ако, на пример, приближно ја процените брзината на влегување во остра кривина. Ако не бидете внимателни, ќе излетате од патот.
Центарот за технологија на компанијата Allianz објави податоци за 300 смртни случаи на возачи и патници во сообраќајот на германските патишта, чии животи згаснале затоа што на возачите им било оттргнато вниманието додека возеле, од смартфонот или од мултимедијалниот систем.
Тие заклучија дека користењето на овие уреди зад воланот резултира со повеќе смртни случаи отколку седнувањето зад волан откако сте пиеле алкохол.
Едноставната математика покажува дека ако не гледате на патот само две секунди, туку вниманието ви е свртено на мобилниот телефон или мултимедијалниот екран, ќе поминете 44 метри со брзина од 80 км/час. Добро е да се сетите на ова следниот пат кога ќе седнете зад волан.