ОН: Стапи во сила Договорот за забрана на нуклеарното оружје

Портпаролот на Кабинетот на генералниот секретар на Обединетите нации, Стефан Дујариќ, соопшти дека стапи во сила Договорот за забрана на нуклеарното оружје (TPNW).

Дујариќ истакна дека тоа е прв меѓународен договор за забрана на нуклеарното оружје што стапил во сила.

Раководството на Обединетите нации го поздрави стапувањето во сила на договорот, што се случи откако потребните 50 членки на ОН го ратификуваа документ. Последна земја што го направи тоа беше Хондурас, пренесува агенцијата Anadolu.

Договорот за забрана на нуклеарното оружје беше усвоен на 7 јули 2017 година со гласовите на 122 од вкупно 193 членки на Генералното собрание на ОН.

Целта на договорот е уништување на нуклеарното оружје и забрана на развојот на ново оружје во целиот свет.

Од усвојувањето досега, параф на договорот ставија 84 земји, а 50 од нив изречно бараа целосно да се забрани развојот, производството, тестирањето и складирањето на нуклеарното оружје.

Договорот не го потпишаа земјите што поседуваат нуклеарно оружје: САД, Русија, Обединето Кралство, Кина, Франција, Индија, Пакистан, Северна Кореја и Израел, јави Anadolu.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе