Сте пробале ли соџу? Најпродаваниот жесток пијалак во 2022 година

Некој би рекол дека вотката, па и вискито, веројатно се најпопуларните жестоки пијалаци, меѓутоа, тоа е всушност еден сосема друг пијалак за кој многумина воопшто и не слушнале.

Станува збор за соџу (소주), традиционален жесток пијалак со кој се насладуваат жителите на Јужна Кореја. Во буквален превод значи „прегорен ликер“.

Соџуто Jinro се најде на меѓународната официјална листа на најпродавани алкохолни пијалаци ширум светот, со оглед на тоа што во текот на оваа 2022 година биле испорачани 65 милиони деветтолитарски пакувања од овој алкохол во сите делови на светот. Тоа е трипати повеќе од популарната вотка Smirnov.

Соџу Jinro

Овој пијалак се продава во 80 земји, а за тоа придонес има и популарната јужнокорејска суперѕвезда PSY, кој не само што го прогласи соџуто за свој најдобар пријател, туку и му ги „позајми“ своите препознатливи очила за повеќе кампањи на производителот Chamisul.

PSY рекламира соџу Chamisul

Освен тоа, Јужна Кореја е земја во која се пие најмногу алкохол по глава на жител, а речиси 97% од пазарот со жестоки пијалаци го сочинува соџуто.

Соџу е дел од корејската култура уште од XIV век кога монголските освојувачи го запознале локалното население со процесот на дестилација. Денешните сорти соџу имаат околу 45% алкохол.

Се прави од ориз, а одлично оди со традиционалната корејска храна како што се теокпоки (ориз и рибни колачи) или солени школки. Често се пие и со јокбал - свински нозе готвени и зачинети во интересна супа, како и со босами - свинско месо готвено на пареа, замотано во лист од црвена зелка со лук, пиперчиња и кимчи (корејска кисела зелка).

Доколку не сте љубител на жестоко, можеби поинтересна ќе ви биде комбинацијата пиво со соџу. Постојат различни пропорции, а најпопуларна е 30% соџу со 70% пиво.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе