Стигна договорот со Pfizer, првите вакцини на крајот на месецов

Првите вакцини од Pfizer стигнуваат во првиот квартал односно до крајот на март, според договорот со компанијата.

Преку сите постојни механизми, направено е сѐ што е неопходно и договорени се вкупни количини до 2,5 милиони вакцини, изјави денеска премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на почетокот на изградбата на далекуводот Штип-Овче Поле.

– Договорот од Pfizer стигна во првиот квартал, тоа значи дека до крајот од март ќе ги добиеме првите 21.000 вакцини. Веќе имаме во вториот квартал поголеми количини. Не се работи за несериозност, заради тоа што единствена причини е недостатокот на производство во делот на количини на вакцини за која било вакцина. Тоа е проблемот. Ние сме мала земја, сакам да го осигурам и му гарантирам на нашиот народ дека како Влада, како Министерство за здравство имаме направено повеќе од тоа што е доволно имајќи предвид дека ќе треба еден милион народ од прилика да се вакцинира за да ја постигнеме имунизацијата, за која би било потребно да има два милиона вакцини. Ние, ако ги броите 800.000 Pfizer, 833.000 преку КОВАКС механизмот,  400.000 од Кина, 200.000 имаме нарачано од Русија, имаме дополнително од ЕУ согласно грантот од 70 милиони, донациите кои што дополнително ги најавија сите соседи, стигаме до 2,5 милиони. Значи сме направиле исчекор повеќе за да ги фатиме сите механизми, сите алатки, да направиме договори, преддоговори, некаде дури и анекс да платиме сѐ со конечна цел да преземе сѐ што е неопходно. Јас верувам, како што реков пред некој ден, денови се во прашање, рече Заев на новинарско прашање во Штип.

Тој порача дека сите треба да се вакцинираат во државата, да се следат упатствата на МЗ, на Комисијата за заразни болести, на сите експерти затоа што вели, само на тој начин ќе ја совладаме пандемијата на COVID-19.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе