Тизер трејлерот за Joker: Folie à Deux, долгоочекуваното продолжение на Joker од 2019 година, конечно е објавен, но една работа ги подели фановите.
На Хоакин Феникс, кој го глумеше Артур Флек во новото продолжение, ќе му се придружи Лејди Гага во улогата на Харли Квин.
Нивната романса најверојатно ќе има централна улога во филмот, кој овојпат ќе биде мјузикл.
Токму информацијата дека продолжението е мјузикл разочара дел од обожавателите, додека други се одушевени.
„Го упропастија правејќи го мјузикл“, „Мјузикл? Во што се претвора овој свет?“ се само дел од коментарите на разочараните фанови.
Оние кои се пријатно изненадени исто така не ги криеја мислењата: „Токму тоа што беше потребно за оваа приказна!“, „Како подобро да се раскаже една епска љубовна приказна?“, „Лејди Гага е одличен избор!“ се коментарите на фановите на X (Twitter).
Warner Bros. ќе го објави Joker: Folie à Deux во кината на 9 октомври 2024 година – пет години по објавувањето на првиот филм.