Столарот кој ја направи џиновската маса на Путин: Се надевам ќе донесе среќа

Откако рускиот претседател Владимир Путин се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, на маса долга 6 метри, истата стана инспирација за мемиња на Twitter, откако беа објавени фотографии од средбата.

Ренато Полоња, столарот кој ја направи масата, изјави дека шегите на сметка на масата, што ја направил пред 35 години за Борис Елцин, искрено го насмеале. Тој се надева дека масата ќе донесе среќа во преговорите меѓу Западот и Москва, во врска со украинската криза.

„Ја препознав веднаш штом ја видов. Многу сум горд на неа. Секогаш станувам емотивен кога мое дело е дел од нешто исклучително важно. Шегите за масата беа урнебесни. Очигледно оставила впечаток. Видов дека некој од неа направил клацкалка, што е навистина смешно. Некој ставил шипка за танцување и ја претворил во стриптиз клуб. Мислам дека може да се каже дека е инспирација за креативност“, вели Полоња.

Масата ја правел додека во периодот од 1995 година до 1997 година работел на проект за една од четирите палати на Кремљ. Мерките за безбедност биле многу строги.

„Во палатата влегувавме со пропусници. Ги скенираа парчињата дрво и не ми беше дозволено нешто да фотографирам“, вели Полоња, шеф на столарската компанија Oak, на северот на Италија.

Во разговор за Il Corriere della Sera, тој изјави дека плочата е направена од еден дел и била доста тешка за изработка.

Денес, таква маса би чинела околу 100.000 евра.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Живот

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Read more

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Read more

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Read more

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе