Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон станаа главни ѕвезди во урнебесни мемиња кои се појавија на интернет откако беше објавена фотографија од нивната шестчасовна средба.
Најмногу внимание привлече несекојдневната бизарна маса на која освен Путин и Макрон набргу се најдоа и апостолите, ликови од серии, мачки и други ликови кои ги инспирираа твитерџиите.
Путин и Макрон по состанокот одржаа заедничка прес-конференција на која нагласија дека не сакаат војна.
„Од наша страна ќе направиме се за да пронајдеме компромиси кои ќе ги задоволат сите страни. Мора да најдеме решение за излез од оваа ситуација“, потенцира Владимир Путин.