Столтенберг: НАТО не бара војна со Русија

НАТО е дефанзивен пакт и наша цел е да ги чуваме нашите 30 земји-членки безбедни. Ние не сме дел од овој конфликт и имаме обврска овој конфликт да не ескалира надвор од границите на Украина. НАТО не бара војна со Русија, изјави на денешната прес-конференција генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по состанокот во Брисел на министрите за надворешни работи од Алијансата со Финска, Шведска и ЕУ.

Столтенберг, нагласи дека „Ова е војна на Путин“, „што тој ја избрал и планирал против недолжна држава“.

– Го повикуваме Путин да ги прекине воените дејствија и да ги повлече сите сили од Украина без никакви услови и да започне преговори, изјави Столтенберг.

Прашан дали денеска било разговарано за затворање на небото над Украина, Столтенберг, рече дека НАТО има обврска да не дојде до ескалација во полна војна во Европа.

– Единствен начин да се гарантира „зона без летови“ над Украина е да се распоредат сили… Ако го направиме тоа, може да резултира со полна војна во Европа и да вовлече многу повеќе земји. Затоа е нашата одлука да не ги инволвираме НАТО силите директно во Украина, ниту на земја, ниту на воздух, изјави Столтенберг.

Во однос за можната поддршка на земјите кои се „загрозени“ како Босна и Херцеговина и Грузија, Столтенберг, рече дека НАТО веќе дава различни типови поддршка на овие земји за јакнење на капацитетите.

– Немаме конкретен договор, но разговараме дека е неопходно да им помогнеме на овие земји за јакнење на нивните капацитети, изјави Столтенберг.

Ќе продолжиме, нагласи Столтенберг, да преземаме сè што е неопходно за гарантирање на безбедноста на сите НАТО земји-членки, а веќе работиме и на јакнење на нашата координација и споделување на информациите со Финска и Шведска.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе