Столтенберг очекува сите членки на НАТО да го потпишат Протоколот за прием на Македонија

Букурешт, 31 јануари 2019 (МИА) – Генералниот секетар на НАТО Јенс Столтенберг денеска од Букурешт порача дека мошне скоро од сите 29 земји-членки ќе биде потпишан пристапниот Протокол за членство на Македонија во Алијансата.

Тој денеска на заедничката прес-конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис изрази очекување дека сите 29 членки ќе го потпишат Протоколот, по што како што рече, Скопје ќе учествува на двата претстојни состанока на НАТО.

„Откако сите 29 земји-членки ќе го ратификуваат Протоколот, ќе ја поздравиме Република Северна Македонија како 30. членка на НАТО“, нагласи Столтенберг.

Приемот на земјата во Алијансата, посочи првиот човек на НАТО, ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот и во цела Европа.

Столтенберг истакна дека со Јоханис меѓу другото разговарале и за континуираната посветеност на политиката на отворени врати на НАТО и им честита на Скопје и Атина, на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивната храброст и силното лидерство за решавање на спорот со името.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе