Стопанска банка АД – Скопје одбележува почеток на градба на нова управна зграда, прва во својата богата историја

Денес на свечена церемонија Стопанска банка АД – Скопје го одбележа започнувањето на градежните работи за изградба на нова управна зграда. Како дел од урбаната средина во срцето на градот, новиот современ објект ќе обезбеди врвни услови за работа за вработените на Банката и за нејзините бројни клиенти.

Стопанска банка АД – Скопје, како дел од Групацијата на Националната Банка на Грција, со години остварува високи резултати во работењето, кои ѝ овозможуваат да инвестира во нов, современ деловен објект со кој ќе се продолжи по патот на успехот. Ова е прв ваков објект на Банката од нејзиното основање и благодарение на соработката со домашна градежна компанија, тимот на Банката и нејзините клиенти ќе добијат нов, модерен простор, целосно прилагоден на современите потреби.

Со своето присуство, придонес за церемонијата дадоа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Димитар Ковачевски; амбасадорката на Република Грција во Северна Македонија, г-а Софија Филипиду; генералниот извршен директор на Групацијата на Националната банка на Грција, г. Павлос Милонас; генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, г. Диомидис Николетопулос и високи гости од Националната банка на Грција, членови на Управниот одбор на Банката, како и други членови на менаџерскиот тим и вработени.

Во оваа прилика беа дадени следните изјави:

„Денес сум присутен овде не само за да учествувам во церемонијата за почетокот на градбата, туку, што е уште поважно, лично да ја пренесам пораката дека новата управна зграда ја одбележува увереноста на НБГ Групацијата во перспективите на Стопанска банка и на државата. Остануваме целосно посветени на поддршката на растот на Стопанска банка како најголеми акционери во Банката повеќе од 20 години – секогаш на страната на нашите колеги во Северна Македонија, остварувајќи синергии во нашето работење и градејќи мостови меѓу нашите две држави.“ – генерален извршен директор на НБГ Групацијата, г. Павлос Милонас.

„Новиот објект исто така симболизира нова ера за банката, нешто што ќе ни даде нов живот и енергија на сите нас за да продолжиме со уште подобри резултати и да бидеме сигурни дека во иднина Банката ќе биде уште поголема и посилна и секогаш на страната на секое домаќинство и секоја корпорација, поддржувајќи ги да ги остварат своите планови и да ги достигнат своите цели.“ - генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, г. Диомидис Николетопулос.

„Ни претставува навистина голема чест што потенцијалите и квалитетот на комплексот „Гранд Скопје“ се препознаени од Банката со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка АД – Скопје, која стана наш партнер и официјален иден корисник на овој административно-деловен објект. Првооснованата банка во државата ќе добие одлични услови за работа и тоа во најсовремен комплекс во срцето на градот. Станува збор за современ објект кој ги исполнува највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти кои овозможуваат заштеда на енергија и имаат минимално влијание врз животната средина.“ - МГ Фешн, инвеститор на комплексот „Гранд Скопје“.

Информации за објектот:

Новиот дом за вработените и клиентите на Банката се очекува да биде комплетиран за околу 2 години. Станува збор за 11 катница која ќе изобилува со природно светло и ќе нуди пријатен работен амбиент. На приземјето ќе има централна филијала и многу наменски простори за други активности. На горниот кат вработените ќе имаат на располагање пространа зелена тераса која покрај големата употребна вредност, ќе даде дополнителен архитектонски ефект на објектот. Катовите се проектирани со агилен дизајн и овозможуваат флексибилност и модуларност, односно можност да бидат прилагодени соодветно за работата на секој организациски дел. Дополнително внимание се посвети и на високата енергетска ефикасност на зградата, со што Банката значително ќе помогне во зачувувањето на животната средина, сега и во иднина.

реклама

Ослиќ – како влијае на организмот најпопуларната славска риба?

Read more

Добитник на лото се откажа од 37 милиони евра, причината е потресна

Read more

5 хороскопски парови кои ќе се заљубат во 2024 година

Read more

Прашање за ракија на британскиот „Милионер“ што само мама знае да го одговори

Read more

Промо

BMW1 во Скопје, луксузни патувања за Дубаи во Тетово, Битола, Кривогаштани и Скопје, МЕГАВИН.МК донесе среќа низ цела држава

Read more

Празници се ближат! Coca-Cola го најавува караванот што го прославува духот на Дедо Мраз во сите нас

Read more

10 години во Singular низ призмата на првите вработени во македонската канцеларија

Read more

Овие празници Coca-Cola го слават духот на Дедо Мраз во сите нас

Read more
 

Ново

Кривата кула во Болоња треба да се реновира бидејќи може да се урне

Читај повеќе

Која храна мора да ја изедеме истиот ден кога ќе ја зготвиме или отвориме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Netlix ја најави втората сезона на реалното шоу Squid Game

Читај повеќе
  • play_arrow

Што потпишаа Путин и саудискиот принц Бин Салман?

Читај повеќе

Македонија У-19 ги доби противниците за пласман на ЕП

Читај повеќе
  • play_arrow

Водителка покажа среден прст во живо

Читај повеќе

10 најпосакувани фудбалери кои стануваат слободни на крајот од сезоната

Читај повеќе

Ковачки: Возилото со кое е киднапирана Вања 3 дена било на скопските улици, Спасовски да одговори зошто не е детектирано од Сејф сити

Читај повеќе

Раперот Пи Диди е обвинет за групно силување на 17-годишна тинејџерка

Читај повеќе