Едгар Паес, претседателот на колумбискиот второлигаш Тигрес, е убиен по поразот од неговиот тим во саботата, објави клубот.
Овој 63-годишен маж се враќал дома, а со него во автомобилот била и неговата ќерка. Тие се враќале дома по поразот од Атлетико со 3:2, кога бил застрелан од двајца мажи на мотор во близина на стадионот „Метрополитано де Течо“ во Богота, објавија медиумите.
Неговата ќерка успеала да побегне неповредена, а властите во моментов вршат истрага.
„Семејството Тигрес и спортската заедница се уништени од овој настан“, се вели во соопштението на клубот.
За Паес во следните две кола ќе се одржи едноминутно молчење.
По 13 одиграни кола Тигрес е последнопласиран на табелата во колумбиската втора лига - Примера 2 - со само 9 бодови (2 победи, 3 нерешени и 8 порази) и гол-разлика 12:22.