Бизнис

Стравот од корона вирусот ја крена цената на биткоин

3. февруари 2020 - 18:09 | А.С.

Вредноста на криптовалутата биткоин значително се зголеми откако епидемијата со корона вирусот предизвика бранување на глобалните берзи.

Цената на еден биткоин (XBT) сега се движи околу 9.300 американски долари. Тоа е зголемување од 10% во изминатата недела и 30% од крајот на 2019 година. Битоинот немал олку добра вредност на почетокот на годината од 2012 година.

Стравот од брзото ширење на новиот корона вирус е многу значаен фактор што ја подгрева вредноста на биткоинот, криптовалута која често добива на вредност кога инвеститорите стануваат нервозни поради одредени случувања.

Но, епидемијата со корона вирусот не е единствениот фактор за зголемувањето на вредноста на биткоинот. Општата економска несигрност исто така игра улога.

Трговските односи меѓу Кина и САД, Брегзит, како и политичките тензии меѓу Јапонија и Јужна Кореја исто така се фактори кои треба да се земат предвид, велат аналитичарите.

Коментирај