Стресот на мајките е огромен: Колку деца е премногу деца?

Мајчинството ги менува жените и несомнено предизвикува стрес. И со секое дополнително дете, обемот на работа се зголемува експоненцијално.

Уште во 2013 година Today спроведе истражување за нивото на стрес кај мајките, во кое учествувале 7.164 жени. Се покажа дека просечната мајка го оценува нивото на стрес со 8,5 на скала од 1 до 10, а има неколку причини за тоа.

75% од мајките рекле дека се чувствуваат осудени и под притисок од другите мајки да бидат „совршени“. Други причини вклучуваат недостаток на време да се направи сè што е потребно (60%), одржување на форма и привлечност (90%) и стрес предизвикан од партнерот (46% рекле дека нивните партнери им предизвикуваат поголем стрес од нивните деца).

Децата исто така придонесуваат за стресот на мајките. Резултатите покажуваат дека врвот на стресот кај мајката е кога бројот на деца ќе достигне три. Мајките велат дека преминот од едно во друго дете не е голем предизвик, но кога две ќе станат три, светот се превртува наопаку.

Причината за ова е прилично едноставна: имате само две раце. На пример, една мајка само констатира дека едноставно е невозможно да ги држите сите три деца за рака кога преминувате улица.

Друга мајка на три деца наведува многу повеќе објаснувања за стресот што доаѓа со трето дете. На пример, средните деца го имаат главниот збор затоа што ја немаат привилегијата на најстарите да помагаат и да направат сè први, а го немаат ни родителското внимание на најмладите. Згора на тоа, помала е веројатноста дека ќе можат да изберат филм или друштвена игра што ќе ги задоволи сите.

Според сите пресметки, не може да се издржи со повеќе од три деца. Но, како што изгледа, тоа не се случува. Мајките признаваат дека кога имаат четири или повеќе деца станува прашање на преживување и за перфекционизмот веќе нема место. И тогаш полесно поднесуваат.

Кога ќе го добијат четвртото дете, на многу мајки им е сеедно што нивните деца јадат пастелни бои, скокаат во секоја локва на улица и јадат пица за ручек и што е најважно, не се грижат за другите луѓе и нивното мислење. И тогаш животот конечно станува подобар.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе