Студен бран на Балканот

Загреб, 19 ноември 2018 (МИА) –  Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан и додека во Хрватска падна снег, во Федерацијата БиХ е прогласен црвен аларм поради најавени врнежи, а на Маврово во Македонија дебелината на снежната покривка достигна 25 сантиметри.

Во Босна и Херцеговина се очекува претежно облачно време, а во Федерацијата БиХ е издадено црвено предупрeдување поради пообилни врнежи за подрачјето на Херцеговина и југозападна Босна.

Акумулираната количина врнежи која се прогнозира се движи межу 40 и 80 литри по метар квадратен, а во Херцеговина локално и до 120 литри.

Врнежи се очекуваат веќе денеска од вечерните часови и во текот на ноќта кон вторник. Снег се очекува на подрачјето на Краина и Западна Босна и на планините во централните подрачја на Босна.

Снег падна и во Хрватска, а се уште паѓа во повеќето предели од централниот дел на земјата и во Горски Котар.

Снег ќе има и понатаму на планините каде се очекува формирање снежна покривка.

Во пониските предели ќе доминира воглавно дожд. Дождот на земја ќе се замрзнува и ќе создава опасна поледица, па возачите се повикуваат да бидат внимателни. Покрај врнежите дува непријатен ветер од северен правец, на Јадранот бура, посебно под Велебит, која го отежнува сообраќајот.

Снег во некои делови од Хрватска е најавен и за утре, а од среда се најавува топење со дожд.

Најмногу снег во изминатите 24 часа падна на Маврово во Македонија, каде висината на снежната покривка достигна 25 сантиметри. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе