Студенo утрo со магла и облачност

Времето денеска наутро ќе биде студено и особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност.

Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус шест до три, а максималните ќе достигнат од шест до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје наутро ќе преовладува студено време, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до минус четири, а максималните ќе достигнат до шест степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Во среда по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, кога и дневните температури ќе се задржат пониски. Потоа дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Најстудено утрово е во Крива Паланка со -5 и во Маврово со -4 степени Целзиусови. Минусни температури има и во Берово, Демир Капија и Куманово, во Скопје е нула, а најтопло е во Гевгелија со 5 степени.

Во текот на ноќта имаше променлива облачност и дуваше слаб променлив ветер. Утринава во источните делови е сончево, а зголемена облачност има во централните и западните делови. Дува слаб променлив ветер. Во Крушево и во Скопската котлина е магливо.

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Фан ја тужи Мадона поради премногу експлицитен настап: Изложеност на порнографија без предупредување

Read more

Македонија

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Read more

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Read more

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Read more

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more
 

Вести

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Читај повеќе

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Читај повеќе

Убиство во Боговиње – убиецот ја застрелал жртвата, а по 15 минути бил фатен од полицијата

Читај повеќе

Со автомобили удрени 3 пешаци за еден ден – едниот од возачите побегнал од местото

Читај повеќе

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Читај повеќе

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Читај повеќе

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе