Судир на балканските титани: Ибра го предизвика Ноле

Легендарниот шведски фудбалер со босанско потекло Златан Ибрахимовиќ, кој пред неколку недели ја заврши кариерата, го предизвика најдобриот тенисер на планетата, Србинот Новак Ѓоковиќ, да се обиде со падел - спорт кој го освојува светот.

Ибра во последно време се релаксира со падел, кој стана хит спорт во светот, а сè повеќе луѓе се одлучуваат да ја играат оваа игра со рекети.

Падел обично се игра во парови на затворен терен кој е приближно 25 проценти помал од тениско игралиште. Бодувањето е исто како во нормалниот тенис, а топчињата што се користат се слични, но со малку помал притисок.

„Ноле, кога ќе бидеш подготвен“, порача Ибра кој експресно доби одговор од најдобриот тенисер на сите времиња.

„Непобедливи сме на иста страна од мрежата. Во ред е брате, подготвен сум“, одговори Ѓоковиќ.

Да потсетиме, Ибрахимовиќ меѓу првите му честиташе на Ѓоковиќ за освојувањето на Ролан Гарос и рекордната 23. Грен слем титула во кариерата, а двајцата долго време имаат одлично пријателство.

реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе