Судот ја прифати жалбата на јавниот обвинител, 30-дневен притвор за Рашковски

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифатил жалбата на јавниот обвинител и им определил 30-дневен притвор на лицата Драги Рашковски и Даниел Станчевски, во врска со „истрагата за набавка на софтвер“.

– Заради интерес на медиумите околу предлогот на Јавниот обвинител во однос на „истрагата за набавка на софтвер“, ја информираме јавноста дека: Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалби изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 16.04.2021 година со кои на Д.Р. и Д.С. им се определува мерка куќен притвор со дополнителни мерки за претпазливост, денеска одржа седница во присуство на странките, по која ценејќи го предлогот како и изјавените жалби донесе решение со кое ја прифати жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна постапка. Со тоа на осомничените Д.Р. и Д.С. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2, стои во соопштението од Кривичниот суд.

На 16-ти овој месец судија на претходна постапа во Основниот кривичен суд - Скопје по четиричасовниот распит му одреди куќен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци. На распит беше спроведен и Даниел Станчевски од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“, од кое Генералниот секретаријат на Владата го купил софтверот за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни, кому судот исто така тогаш му определи мерка куќен притвор.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе