Судот во Колорадо ја забрани претседателската кандидатурата на Трамп, се повика на заборавен амандман

Врховниот суд во Колорадо одлучи дека Доналд Трамп не може да се кандидира за претседател следната година во таа држава, повикувајќи се на уставната клаузула за бунт.

Судот пресуди дека Доналд Трамп не е квалификуван кандидат бидејќи учествувал во немирите во американскиот Капитол пред речиси три години.

Тоа е прва употреба на делот 3 - 14-ти амандман на Уставот на САД за дисквалификување на претседателски кандидат.

Слични обиди да се исфрли Трамп од гласачките места во Њу Хемпшир, Минесота и Мичиген не успеаја.

Одлуката од вторник, која е ставена во мирување до следниот месец, не се однесува на други држави освен Колорадо. Штабот на Трамп веќе најави жалба и одлуката ја нарече антидемократска.

Одлуката се однесува само на прелиминарните избори во државата на 5 март, кога републиканските гласачи ќе го изберат својот претседателски кандидат, иако тоа може да влијае и на општите избори во Колорадо следниот ноември.

Во својата одлука, судиите напишаа: „Не доаѓаме лесно до овие заклучоци. Свесни сме за големината и тежината на прашањата што сега се пред нас. Исто така свесни сме за нашите свечени должности да го применуваме законот, без страв и без да нè поколебаат реакциите на јавноста на одлуките што законот налага да ги донесеме“.

Одлуката ја поништува претходната одлука на судијата во Колорадо, кој одлучи дека забраната на 14-тиот амандман против бунт не се однесува на претседателите бидејќи делот конкретно не ги споменува.

Истиот судија од понискиот суд, исто така, го прогласи Доналд Трамп за соучесник во немирите во американскиот Капитол. Неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот на 6 јануари 2021 година, додека пратениците ја потврдија изборната победа на претседателот Џо Бајден.

Одлуката на Врховниот суд во Колорадо стапува на сила на 4 јануари 2024 година. Тоа е пред крајниот рок на сојузната држава да ги објави претседателските избори.

Трамп загуби во Колорадо со голема разлика на последните претседателски избори. Но, ако судовите во поконкурентните држави го следат примерот на пресудата од вторникот, кандидатурата на Трамп за Белата куќа може да се соочи со сериозни проблеми.

Четиринаесеттиот (14) амандман бил ратификуван по Американската граѓанска војна. Дел 3 имал за цел да ги спречи сецесионистите да се вратат на нивните претходни улоги во владата откако јужните држави повторно се приклучиле во Унијата.

Тоа било искористено против конфедералниот претседател Џеферсон Дејвис и неговиот потпретседател Александер Стивенс, кои служеле во Конгресот. Оттогаш, ретко се повикувале на овој амандман.

Трамп се соочува со четири кривични судски процеси, вклучително и еден федерален и еден државен случај во Џорџија, поврзани со неговите наводни изборни субверзии.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе