Судот во Стразбур ги отфрли жалбите на Литванија и Романија за тајните затвори на ЦИА

Стразбур, 10 октомври 2018 (МИА) - Европскиот суд за човекови права ги отфрли жалбите на Литванија и Романија за пресудите на Трибуналот од мај годинава за нивна вмешаност во програмата за тајни затвори на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Двајца затвореници од Гвантанамо - Абдара Рахим ал Нашири, кој ја тужеше Романија и Абу Зубајда, кој поднесе тужба против Литванија, тврдеа дека биле држени во тајни затвори во овие земји во периодот од 2004 до 2006 година и биле подложени на психичко и физичко насилство.

Досега ниту Букурешт, ниту Вилнус не признаа дека имале тајни затвори на нивни територии и ја обжалија пресудата. Сепак, Судскиот совет едногласно ги отфрли нивните жалби.

„Судот заклучува дека Литванија имала таен затвор на ЦИА помеѓу февруари 2005 година и март 2006 година, дека Зубајда бил притворен таму и дека националните власти знаеле дека со тоа се крши Европската конвенција за човекови права“, се наведува во мислењето на Судот.

Се препорачува властите на Литванија што побрзо да спроведат целосна истрага и доколку е потребно, да ги казнат виновниците. Литванија е должна да плати 100.000 евра на тужителот и 30.000 евра за судски трошоци.

Судот во Стразбур ги донесе истите заклучоци и во однос на делото во Абдара Рахим ал Нашири против Романија, која ќе треба да му исплати 100.000 евра.

Европскиот суд за човекови права, исто така, препорача Букурешт да спроведе истрага и да се обиде да добие уверување од американските власти дека Нашири нема да биде осуден на смрт.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе