DC Comics објави дека нивниот нов Супермен(Џон Кент) е бисексуалец. Стрипот вели дека сексуалноста на суперхеројот ќе биде откриена во изданието „Superman: Son of Kal-El“ на 9 ноември.
Писателот Том Тејлор рече: „Секогаш зборував дека на сите им требаат херои и дека сите заслужуваат да се видат себеси во своите херои и многу сум благодарен на DC и Warner Bros што ја делат оваа идеја. Супермен отсекогаш беше симбол на надеж, вистина и правда. Денес овој симбол е многу повеќе. Денес сè повеќе луѓе може да се пронајдат во најмоќниот суперјунак во стрипот“.
Од DC велат дека врската ќе биде романтична во претстојниот број на стрипот.
Супермен е вториот DC херој кој во последните неколку месеци излезе како ЛГБТ, откако Робин себеси се нарече квир во неодамнешниот број на „Batman: Urban Legends“.