Светските моклишта исчезнуваат трипати побрзо од шумите

По повод Светскиот ден на водните живеалишта, WWF предупредува дека со инвестирање во обновувањето на реките, езерата, мочуриштата и тресетите, инвестираме во иднина отпорна на климата.

Од реки до езера, преку мочуриштата и лагуните, водните живеалишта (или моклишта) се клучни за опстанокот на луѓето и природата. Сепак, според Извештајот на WWF за животот на планетава, од 1970 година сме си дозволиле да изгубиме една третина од светските моклишта, кои исчезнуваат трипати побрзо од шумите.

Со слоганот „Цени, чувај, обнови – сакај“, годинешниот Светски ден на водните живеалишта предупредува на важноста на моклиштата и ги повикува лидерите итно да ги заштитат, зачуваат и обноват езерата, реките, мочуриштата и тресетите. Експлоатацијата, пустошењето и воспоставениот начин на управување со реките, инвестирањето во штетни проекти и континуираната примена на веќе воспоставените штетни практики мора да станат минато, за да се отвори вратата за примена на решенија засновани на природата.

„Треба да ги зачуваме и обновиме клучните слатководни живеалишта низ регионот. Голем успех беше постигнат минатата година кога УНЕСКО го прогласи 5-државниот биосферниот резерват Мура-Драва-Дунав, Европскиот Амазон на кој повеќе од две децении работевме со многу партнерски организации и институции. Сепак, вистински ќе го заштитиме само ако ги напуштиме неодржливите практики и ги зголемиме инвестициите во обновување на слатководните системи, кои се наши клучни сојузници во борбата против климатските промени“, изјави Зоран Матељак од WWF Adria.

Минатата година ОН го прогласија почетокот на Декадата за обнова на екосистемот. Тоа е глобална иницијатива за спречување, запирање и елиминирање на штетите врз екосистемите, но и покана до сите да бидат дел од генерацијата на обнова и гласови за заштита на живеалиштата кои ни обезбедуваат извор на вода за пиење, храна, но и поддршка во активности важни за раст и развој на заедниците кои се во соживот со нив.

Првиот Светски ден на моклиштата беше одбележан со потпишувањето на Рамсарската конвенција во 1971 година, во истоимениот град во Иран (полн назив: „Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици“). Во тоа време, над 160 земји ја потпишаа Конвенцијата за заштита на водните живеалишта од меѓународно значење, особено како живеалишта на птиците во моклиштата. Самиот Ден на Рамсар се слави од 1997 година.

Македонија има две рамсарски места: Преспанското и Дојранското Езеро. Во 1994 година е основан и Македонскиот рамсарски комитет.

реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе