СЗО: Крвната плазма не треба да се користи за лекување на пациенти со ковид

Крвната плазма на пациентите кои закрепнале од COVID-19 не треба да се користи во лекувањето на пациентите бидејќи нема доволно докази за подобрување на нивните шанси за закрепнување, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Плазмата на оние кои се опоравиле од инфекцијата не ја намалува ниту потребата од респиратори, нагласи СЗО.

Тезата е дека употребата на плазма поради антителата што ги содржи може да го неутрализира новиот коронавирус, да ја спречи неговата репликација и да го ограничи оштетувањето на ткивото, објаснува Reuters.

Неколку студии не покажаа очигледна корист во лекувањето на сериозно болните. Студијата во САД беше прекината во март, откако беше утврдено дека плазмата веројатно нема да им помогне на пациентите со благи до умерени симптоми на болеста.

Методот е и скап и одзема многу време, се вели во соопштението на СЗО.

Панел од меѓународни експерти експлицитно препорача дека плазмата не треба да се користи во лекувањето на пациенти со лесна болест и не треба да се користи во третманот на пациенти со тешка и критична болест, според СЗО.

Единствените исклучоци се случајните контролни тестови, додаваат тие.

Препораката беше објавена во Британскиот медицински журнал (BMJ) и се заснова на докази од 16 испитувања во кои беа вклучени 16.236 пациенти со благи, тешки и критични инфекции со COVID-19.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе