СЗО свика итен состанок за новата варијанта на коронавирус откриена во Јужна Африка

СЗО денеска ќе одржи итен состанок за новата варијанта на коронавирусот со екстремно многу мутации, а веќе е потврдена во три држави.

Тулио де Оливеира, директор на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужна Африка, на претставниците на СЗО им ја пренесе својата загриженост во врска со новата варијатна на коронавирус Б.1.1.529, за која се стравува дека е досега најлошата идентификувана варијанта на вирусот.

-СЗО одлучи да одржи вонредна седница, изјави Де Оливеира за Financial Times.

Експертите на СЗО ќе разговараат дали новиот вид треба да се дефинира како нешто што предизвикува „загрижување“ или како варијанта „од интерес“.

За време на вчерашната прес-конференција, Тулио де Оливеира изјави дека новата варијанта има многу голем број мутации, што носи ризик од брзо ширење на болеста. Според последните податоци, оваа нова варијанта на коронавирусот во Јужноафриканска Република е дијагностицирана кај вкупно 77 лица.

Исто така, новиот сој бил дијагностициран кај четири лица во Боцвана и едно во Хонконг (лице кое дошло од Јужна Африка).

Светските лидери веднаш реагираа на веста за појава на нова варијанта, најавувајќи нови мерки на претпазливост и ограничувања за патување, додека берзите ширум светот забележаа пад предизвикан од неизвесноста.

Д-р Марија ван Керков, технички лидер на СЗО за COVID-19, на вчерашната прес-конференција кажа дека уште не се знае многу за оваа варијанта.

-Тоа што го знаеме е дека оваа варијанта има голем број мутации. Загриженоста е дека кога имате толку многу мутации, може да влијае на тоа како се однесува вирусот, рече Ван Керков.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Свет

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more
 

Вести

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе