Борба на милијардери: Бренсон ќе патува во вселената пред Безос
Компанијата Virgin Galactic на милијардерот Ричард Бренсон најави пробен лет на VSS Unity во вселената на 11 јули, а во него за првпат ќе учествува и основачот на компанијата.
Мултимилионерот Ричард Бренсон доби дозвола да организира комерцијални патувања до работ на вселената со вселенско летало на неговата компанија Virgin Galactic, па сега сака и да го претрка ривалот Џеф Безос.