Тајмлапс видео: Како сала се трансформира во болница за COVID-19?
Велика Британија се соочува со драстичен раст на бројот на заразени со COVID-19. Во болниците се регистрирани 2.325 починати од коронавирусот. За 24 часа починаа 563 пациенти.
Министерството за здравство соопшти дека заклучно со 9 часот утрово, тестирани се 152.979 лица од кои 29.474 се позитивни на COVID-19.
За олеснување на товарот врз болничките капацитети, салата за конвенции ExCeL во Лондон за само пет дена беше трансформирана во привремена болница за пациенти заразени со коронавирус.
Привремената болница The Nightingale Hospital има капацитет од 4.000 легла.