Тегнел не очекува втор бран на пандемијата во Шведска

Шведска најверојатно ќе се соочи со појава на локални жаришта на коронавирусот во есен, додека појава на втор бран на епидемијата не се очекува во овој период, објави денеска шведскиот водечки епидемиолог Андерс Тегнел.

Шведска поинаку се бореше против пандемијата на COVID-19 од другите земји, и не ја затвори економијата, ниту повеќето училишта, ниту пак носењето маски во јавноста беше препорака на надлежните институции.

Во земјата има значително поголем број на заразени со коронавирусот во однос на нејзините нордиски соседи, иако не толку голем како во некои други европски земји, како што се Белгија, Шпанија и Велика Британија.

Во последните неколку месеци, во Шведска значително се намали бројот на хоспитализирани пациенти и смртни случаи од последици од COVID-19. Меѓутоа, сега кога повеќето жители на земјата се вратија од одмор и училиштата повторно се отворија во текот на минатата недела, се појавија стравувањата од втор бран на пандемијата.

Водечкиот шведски епидемиолог Андерс Тегнел во интервју за ТВ4 изјави дека не верува оти во земјата ќе има класичен втор бран на епидемијата, каков што може да се забележи со вирусот на грип и за кој е карактеристично повторно распространето ширење на вирусот.

Тегнел рече дека коронавирусот се чини дека функционира на поинаков начин и оти преносот е полокализиран.

Затоа, поверојатно е дека наместо со втор бран на пандемијата, Шведска наесен да се соочи со појава на локални жаришта на зараза, што во моментов може да се види низ цела Европа, истакна Тегнел.

Мислењата во врска со шведскиот пристап во борбата против COVID-19 се поделени, како во земјата така и во странство.

Во Шведска од почетокот на пандемијата на коронавирусот се заразија над 86.000 луѓе, од кои починаа речиси 6.000 пациенти.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе