Тен Хаг за Роналдо: Нeмa ништо ново, сметам на него и тој останува во клубот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, вели дека ситуацијата околу иднината на Кристијано Роналдо во овој клуб не е променета и дека сѐ уште смета на Португалецот, што беше случај и претходно.

Фудбалерите на „Црвените ѓаволи“ подготовките за следната сезона ги продолжуваат во Австралија, односно на турнеја во Мелбурн, а Роналдо од „приватни причини“ не отпатува со нив и остана во Португалија каде тренираше во репрезентативниот тренинг камп.

Медиумите во Англија со денови се занимаваат со темата Роналдо за неговото евентуално заминување од Манчестер Јунајтед, а менаџерот на клубот Тен Хаг уште еднаш го потврди својот став и изјави дека ништо не е сменето.

„Веќе имавме изјави во врска со Роналдо и ништо не се промени“, рече холандскиот стратег.

Тој понатаму рече дека сегашниот тим на Манчестер Јунајтед има голем потенцијал.

„Мислам дека Манчестер Јунајтед има голем потенцијал и навистина добри фудбалери. Имаме искусни играчи, има и некои млади кои имаат потенцијал. Сега тие треба да се покажат, пред нас е тешка работа. Јунајтед е познат по добрите млади играчи, Рашфорд е еден од нив, нели? Тој е симбол на академијата на Манчестер Јунајтед, а после него ќе има уште многу таленти“, изјави Тен Хаг.

Манчестер Јунајтед минатата сезона освои 58 бодови, што е најмалку од основањето на Премиер лигата во 1992 година, а тоа што ќе игра во Лига Европа, а не во Лигата на шампионите, е главната причина поради која Роналдо сака да го напушти клубот.

Дополнително, се пишуваше дека не е задоволен и од играчкиот кадар на Манчестер Јунајтед, како и од тоа што поради неиграњето во европската елита автоматски платите на сите играчи се намалени.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе