Вчера околу 12:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово-Свети Николе, во атар на село Орашец, Кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило Opel со кумановски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Т.С. од Куманово и мотоцикл BMW со штипски регистарски ознаки, управуван од 47-годишниот Д.Ч. од Штип, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово“, велат од МВР.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.