Tesla: Вака-така, скоро 500.000

Додека другите производители на автомобили забележаа пад на производството и продажбата во 2020 година, Tesla зад себе ја остави најдобрата година во историјата.

Се чини дека апелите на Илон Маск и трудот на вработените во Tesla вродија со плод, со оглед на тоа што, според прелиминарните податоци, американскиот производител им испорачал на клиентите 499.550 возила во 2020 година.

Точно, тоа е за 450 автомобили помалку од целта што ја постави првиот човек на Tesla на почетокот на минатата година, но тоа сепак претставува нов рекорд на компанијата на годишно ниво.

Меѓутоа, ако се земе предвид бројот на произведени автомобили во 2020 година, работниците на Tesla ја надминаа нормата, бидејќи во изминатите 12 месеци дури 509.737 возила излегоа од фабричките ленти.

Во последните месеци, Маск ги охрабри вработените во неговата компанија да направат сѐ што е во нивна моќ да ја завршат годината со испорачани половина милион автомобили.

И навистина, последниот квартал од 2020 година донесе историски рекорд на компанијата со произведени 179.757 возила и испорачани 180.570 автомобили.

Таков добар резултат беше постигнат најмногу благодарение на подостапните модели 3 и Y. Во 2020 година, направени се вкупно 454.932 примероци од овие два модела, а 442.511 возила им беа доставени на клиентите.

Во истиот период, 54.802 примероци од поскапите модели S и X излегоа од фабриката, додека 57.039 од овие автомобили пристигнаа на адресите на клиенти.

Ваквиот успех на Маск и Tesla сепак има скапа цена, а тоа е (не)задоволството на клиентите. Брзајќи да ги оствари зацртаните цели, компанијата испорача многу возила со недостатоци и недовршени елементи, што ги фрустрира купувачите и може да „му се удри од глава“ на Маск.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе